Својата историја „Дестилерија Плетварски“ почнува да ја испишува во не толку далечната 2017 година со експериментална работа на ракии од грозје, тревки, вишни, цреши, праски и други возбудливи идеи. Дестилеријата е сопственост на Лазар Плетварски, енолог со повеќе од 20 години искуство во произвотството на вина и ракии.

Производниот погон се наоѓа близу центарот на Кавадарци, капацитетот достигнува 2 500 литари на годишно ниво. Погонот од 80 м2 е изграден со цел на исполнување на сите стандарди и поставување пример во сегментот на малите производители на жестоки алкохолни пијалоци.

Процесот на ферментација поминува во иноксни садови а процесот на одлежување во дабови буриња каде се создава магијата на рафинираниот комплекс и аромата на ракијата. Процесот на дестилација се врши на мал традиционален дестилационен уред (казан) со цел да се зачува целиот ароматски потенцијал од грозјето.

…и на крај …нашите производи се создадени со многу љубов, бавно и внимателно, за пријатели и добри луѓе…

Корисни линкови

Copyright © 2023 | Pletvarski Distillery

Додадено

Кошничката е празна

Explore Food Items

No products in the cart.

Scroll to Top